САД: Сенатот со резолуција за ограничување на Трамп да почне воени операции против Иран

од Aleksandar Petrovski

Сенатот денеска одобри резолуцијата со која се ограничува надлежноста на американскиот претседател Доналд Трамп да почне воени операции против Иран.

Мерката нагласува дека Трамп мора да добие одобрение од Конгресот пред да се вклучи во понатамошна воена акција против Иран.

Осум републиканци се приклучија со демократите да се усвои резолуцијата со 55-45 гласови.

Подносителите нагласија дека резолуцијата не се однесува на Трамп, па дури и за претседателството, туку, наместо тоа, е важно повторување на моќта на конгресот за објавување војна.

Додека Трамп и другите претседатели „мора секогаш да имаат можност да ги одбранат САД од непосреден напад, извршната власт да иницира војна запира тука“, рече конгресменот Тим Кајне.

Слични содржини