Шестгодишното момче кое годинава пукаше и ја рани својата наставничка во училиште во американската сојузна држава Вирџинија, се фалел по пукањето.
Тој велел: „Ја убив“, се вели во незапечатените судски документи.
По пукањето момчето било разоружано, а потоа врзан и рекол дека ја убил учителката и додал дека претходната вечер „го земал пиштолот на мајка си“, пренесува Би-Би-Си.
Неговата учителка Абигејл Аби Звернер преживеа и поднесе тужба на почетокот на оваа година барајќи отштета од 40 милиони долари, но обвинителите не поднесоа обвинение против него.
Мајката на момчето, Деја Тејлор, беше обвинета за кривично дело занемарување на детето и прекршочно несовесно чување на наполнето огнено оружје кое може да го загрози детето.
Во јуни, Тејлор беше обвинета и за незаконска употреба на забранета супстанција додека поседувала огнено оружје, како и за давање лажна изјава при набавка на огнено оружје.
Судењето на Тејлор е закажано за октомври, а доколку биде прогласена за виновна, се соочува со затворска казна до 25 години.