Американската влада даде помош од 1,1 милиони американски долари за во борбара со ширењето на КОВИД-19 во Северна Македонија, соопштија од американската амбасада во земјава.
Преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Соединетите држави ги обезбедуваат овие средства на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на Обединетите нации – УНИЦЕФ за спроведување активности за поддршка на напорите на земјата да одговори на КОВИД-19.
УСАИД е во координација со Владата на Северна Македонија, меѓународните хуманитарни партнери и другите заинтересирани страни за да ги идентификува приоритетните области за инвестирање.
„За време на неизвесност и вознемиреност, да се работи заедно е поважно од кога и да било“, рече американскиот амбасадор во Северна Македонија, Кејт Мари Брнс.
„Убедена сум дека поддршката дадена во овој пакет за помош ќе даде значителен придонес во борбата против КОВИД-19 во Северна Македонија“, посочува таа.
Целото соопштение на следниот линк!