САД со санкции против компании што ги финансираат нападите на Хутите

од Vladimir Zorba
215 прегледи

САД го засилуваат притисокот на Хутите поддржани од Иран во нивните напади на морските бродови што пловат во меѓународни води и денеска наметнаа нови санкции со цел да се ограничат доходите од продажбата на стоки поврзани со иранската милитантна група „Кудс“ и јеменските Хути

Како што се вели во денешното соопштение на Министерството за финансии на САД, санкции се воведуваат против компании од Хонгконг и од Обединети Арапски Емирати што реализираат снабдување на ирански стоки порачани од финансиски посредник на Хутите поддржуван од силите „Кудс“, кои се веќе под санкции на САД. Под санкции се ставени и четири бродови.

Министерството изјави дека приходите од продажбата на стоките одат во полза на Хутите и нивните напади на пловила во Црвеното Море и во Аденски Залив.

-САД продолжуваат со преземање мерки против незаконските ирански финансиски мрежи кои ги финансираат Хутите. Заедно со нашите сојузници и партнери ќе ги преземаме сите можни мерки да се запре со дестабилизирачките активности на Хутите и нивната закана по светската трговија, изјави Брајан Нелсон, заменик министер за финансии задолжен за борба со тероризмот и финансиско разузнавање.

Санкциите следуваат откако американски и британски воени авиони, бродови и подморници ноќеска извршија десетици ракетни удари врз Јемен а во одговор на нападите на бродовите во Црвеното Море.

Слични содржини