САД соборија 12 дронови и ракети над Црвеното Море: Пресретнати напади на Хутите врз бродови

од Stefanija Kuzmanovska

Американската војска во вторникот соопшти дека соборила 12 дронови, три противбродски балистички ракети и две крстосувачки ракети за копнени напади истрелани врз бродови во јужниот дел на Црвеното Море од јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, јавува „Анадолија“.

„Американските средства, вклучително и USS LABOON (DDG 58) и F/A-18 Super Hornet од Ударната група носачи „Ајзенхауер“, соборија дванаесет еднонасочни дронови за напад, три противбродски балистички ракети и две крстосувачки ракети за копнени напади во јужниот дел на Црвеното море истрелани од Хутите во период од 10 часа почнувајќи од приближно 6:30 часот по локално време на 26 декември“, се вели во соопштението на американската Централна команда (CENTCOM).

Во таа област нема оштетувања на бродовите и нема извештаи за повредени, се додава во соопштението.

Јеменските Хути постојано се заканија дека ќе ги таргетираат бродовите во сопственост или управувани од израелски компании „во солидарност со Палестина“ и ги повикаа земјите да ги повлечат своите граѓани кои работат на екипажот на овие бродови.

Слични содржини