Употребата на ирански бази од Русија за нанесување на удари во Сирија е достојно за жалење, но не е изненадувачки. Ова го изјави портпаролот на Стејт департментот на САД Марк Тонер, цитиран од агенциите.

Русија за прв пат нанесе воздушни напади во Сирија со бомбардери базирани во Иран. 6 стратешки бомбардери Ту-22 и ловци Су-35 реализирале летови во саботата од Јужна Русија и откако нанеле удар по позиции на “Исламска држава”, слетале на аеродромот Хамад во Иран.
Одлуката на Русија да користи ирански бази нема нужно да спречи постигнување на договор меѓу САД и Русија за соработка во борбата против “Исламска држава” во Сирија, прецизира Тонер. Тој додаде дека овој договор уште не е завршена работа. Портпаролот истакна дека Москва продолжува да нанесува удари по поддржаните од САД умерени сириски сили.
Тонер изјави дека САД продолжуваат да го истражуваат опсегот на руско-иранската соработка и дека државниот секретар Џон Кери во денешниот телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази загриженоста на САД од користењето на ирански бази од руската борбена авијација за напади во Сирија.