САД: Успешно завршен првиот вселенски лет со туристи

од Stefanija Kuzmanovska

Вселенското летало „Јунити“ на кој имаше тројца туристи и тројца членови на екипажот на компанијата „Вирџин Галактик“ успешно се врати на Земјата, откако стигна до работ на вселената.

Како што пренесува „Гардијан“, туристите од таа точка, на височина од 13 и пол километри, ја набљудувале закривеноста на планетата и почувствувале отсуство на земјина гравитација, односно бестежинска состојба, по што се вратиле на Земјата.

Леталото со ракетен погон безбедно слетало во Америка во Ново Мексико.

Слични содржини