САД воведоа нови санкции против Русија: На списокот повеќе од 120 поединци и компании

од Stefanija Kuzmanovska
123 прегледи

САД воведоа нови санкции кон Русија, кои вклучуваат повеќе од 120 поединци и компании поради поддршка на руската инвазија на Украина, вклучително и приватна воена компанија, кинеска компанија и субјекти поврзани со Росатом, државната руска компанија за нуклеарна енергија, пишува Радио Слободна Европа.

Санкциите се однесуваат на повеќе од 120 субјекти и поединци во повеќе од 20 земји, вклучително и оние кои помагаат да се заобиколат санкциите, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Министерството за финансии соопшти дека вовело санкции за руски финансиски експерти и оние кои овозможуваат избегнување на санкциите ширум светот, вклучително и Турција, Унгарија, Обединетите Арапски Емирати и поединци и компании во Кина.

„САД ќе продолжат да преземаат дејствија против Русија и оние кои ја помагаат нејзината војна во Украина, вклучително и натамошно спроведување на обврските на Г7 за сузбивање на актери од трети земји кои ја поддржуваат руската војна во Украина“, рече Блинкен.

Меѓу санкционираните е и приватната воена компанија „Патриот“, која Стејт департментот ја поврзува со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и платеничката група „Вагнер“.