САД воведоа санкции за уште четворица руски олигарси

од Vladimir Zorba
229 прегледи

САД во петокот воведоа санкции за четворица Руси поврзани со финансискиот и инвестициски конгломерат „Алфа груп“ и руските деловни асоцијации, како дел од најновата акција против финансиската елита на Москва поради војната во Украина.

Американското Министерство за финансии објави дека санкции се насочени кон четири лица кои биле во надзорниот одбор на „Алфа“ – Петр Олегичич Авен, Михаил Маратович Фридман, Герман Борисович Кан и Алексеј Викторович Кузмичев.

Санкции беа наметнати и на Руската асоцијација на работодавачи и Руската унија на индустријалци и претприемачи, се вели.

„Руските богати елити треба да се откажат од идејата дека можат да работат како и обично додека Кремљ води војна против украинскиот народ“, рече заменик-министерот за финансии Воли Адејем во изјавата.

Коментирајќи ги новите санкции, рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов рече дека тие се дел од „неуспешната рестриктивна политика“ и дека Белата куќа „не може да ја уништи нашата економија и да го поткопа технолошкиот суверенитет“.

Слични содржини