САД воведуваат нови санкции: На удар Турција, Русија и Кина

од Vladimir Zorba

Соединетите држави воведоа нови санкции кон 13 странски компании и физички лица во Кина, Ирак, Русија и Турција за нивната поддршка на иранската ракетна програма.

„Наметнавме двегодишни дискрециони санкции за 13 лица и компании кои вклучуваат ограничувања на набавките на владата на САД, државна помош од САД и извоз“, се вели во соопштението.

Тој додаде дека воведувањето на овие мерки потенцира дека иранската ракетна програма останува значајна загриженост во однос на неширењето и дека тоа е во согласност со напорите на САД да ги искористи сите расположиви мерки за да се спречи Иран да ги унапреди своите ракетни способности.

Сите 13 се обвинети за кршење на законот за неширење (оружје за масовно уништување) во Северна Кореја, Сирија и Иран, од 2000 година.

Слични содржини