САД за новиот договор СТАРТ со Русија: Подготвени сме да преговараме уште утре

од Vladimir Zorba
159 прегледи

Соединетите Американски Држави се подготвени да започнат преговори со Русија за новиот договор СТАРТ за контрола на нуклеарното вооружување уште утре, доколку Москва е подготвена за тоа, изјави Викторија Нуланд, потсекретар на американскиот државен секретар за политички прашања.

„Подготвени сме да го направиме тоа утре, доколку Русија е подготвена и подготвени сме да дозволиме инспекции“, рече Нуланд, одговарајќи на прашањето дали Вашингтон е подготвен за разговори без предуслови и обвинувања.

Нуланд повтори дека САД ја сметаат суспензијата на договорот како неодговорен потег.

„САД и Русија имаат одговорност пред светот да го чуваат безбеден нивниот нуклеарен арсенал, а ние треба да ја завршиме нашата работа“, рече Нуланд.

Според неа, САД уште од самиот почеток биле подготвени да се вратат на маса за да обезбедат спроведување на Новиот СТАРТ.

Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање пред Федералното собрание на 21 февруари рече дека Русија го суспендира учеството во Новиот договор СТАРТ, но не се повлекува од него.

Во средата, Државната дума едногласно усвои предлог-закон за суспензија на Новиот СТАРТ.

Слични содржини