Американските сили во Карипското Море заплениле уште еден танкер со нафта кој е под санкции, а за кој администрацијата на Доналд Трамп тврди дека е поврзан со Венецуела, пренесе N1info.rs
Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, објави на социјалните мрежи дека танкерот „Вероника“ претходно минувал низ венецуелски води и дејствувал спротивно на карантинот за санкционирани пловила во Карипскиот регион, воведен од Трамп.
Ноем објави и кратко видео за кое се чини дека ја прикажува заплената на бродот. На црно-белата снимка се гледаат хеликоптери како лебдат над палубата на трговскиот брод, додека вооружени војници со јаже се спуштаат на палубата.
Танкерот „Вероника“ е шестиот брод што американските сили го заплениле во рамки на напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да воспостави контрола врз производството, преработката и глобалната дистрибуција на венецуелските нафтени производи, и трет по ред откако САД, во неочекувана ноќна акција пред речиси две недели, го уапсија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.