САД засега не планираат да донираат вакцини на Северна Кореја

од Nikola Popovski

Американската администрација на претседателот Џозеф Бајден во моментов не планира да дистрибуира вакцини против Ковид-19 на Северна Кореја, објави синоќа портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, пренесува Ројтерс.

Претходно денеска, севернокорејските власти го потврдија присуството на коронавирус во земјата за прв пат од почетокот на пандемијата.

„KCNA“ наведе дека тестовите во неделата покажале позитивни примероци кај луѓе кои имале висока температура во Пјонгјанг, а било потврдено дека се заразени со сојот омикрон.

Како одговор на избувнувањето, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди строги мерки, кои вклучуваат затворање на целата земја.

Во севернокорејските државни медиуми беше објавено видео на кое Ким носи заштитна маска, првпат од почетокот на пандемијата со коронавирус, објави јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Слични содржини