САД засега нема да проценуваат дали Израел извршил злосторства во конфликтот со Хамас

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер рече дека агенцијата во овој момент нема да започне формален процес за да процени дали Израел извршил воени злосторства за време на конфликтот со Хамас. Тој посочи дека директните разговори со Израел на тие теми ќе продолжат, пренесе Си-Ен-Ен.

„Исто така, јавно ќе им кажеме дека очекуваме да ги почитуваат законите на војната во сите нивни активности, во сите нивни воени кампањи“, рече Милер.

Запрашан за цивилите убиени од Израел во неговите напади врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, портпаролот на Стејт департментот рече дека одделот е „длабоко тажен поради загубата на цивилни животи“, но не ги осуди нападите.

Слични содржини