Долгогодишната драма меѓу фудбалерот Мауро Икарди и неговата поранешна сопруга Ванда Нара повторно е во фокусот на јавноста. По барањето за развод што Икарди го поднесе во март, кое веќе е прифатено од судот во Милано, сега се одвиваат сослушувања за поделба на имотот, алиментацијата за нивните ќерки и други важни прашања. Во јавноста повремено излегуваат нови детали од судењето, но најновата вест е дека Икарди ја потврди својата свршувачка со аргентинската музичка ѕвезда Чина Суарез. Фудбалерот на Галатасарај изгледа среќен покрај Суарез, а тоа може да се забележи и на нивните профили на Инстаграм, каде често споделуваат заеднички моменти. Од друга страна, Ванда Нара изјави дека не е заинтересирана за новиот живот на Икарди.
„Нека секој прави што го прави среќен. Може ли да зборувам за себе? Среќна сум што сум независна, се грижам за моите работи и не ми е гајле за останатото“, изјави таа во интервју. Таа додаде и дека со нејзините ќерки нема да се појавуваат во медиуми: „Ниту јас, ниту моите ќерки нема да бидеме дел од ниедна емисија“.
Сагата продолжува да го привлекува вниманието на медиумите и фановите ширум светот.