Со сета сериозност, Карлос Саинц им се извини на Формула 1 тимовите кои се уште ја чекаат неговата одлука каде сака да ја продолжи кариерата следната сезона. Саинц пред почетокот во Унгарија се пошегува дека бидејќи го гледал ЕП 2024 немал време да размислува за понудите на тимовите, но сега сериозно се вратил на темата.
Саинц се разделува со Ферари на крајот на годината и важеше за најважен играч на трансфер пазарот, на кој, сепак, повеќе не му преостанаа места во силните тимови. Или барем така изгледа однадвор.
„Тимовите беа многу трпеливи и им благодарам за тоа“, објасни Саинц во Унгарија. „Но и јас морам да бидам трпелив, бидејќи не одлучувам само јас, не зависи само од мене. Морав да земам таблета за трпение и да почекам“.
Пазарот на возачи во Ф1 експлодираше на почетокот на годината кога стана јасно дека Ферари го привлекоа Луис Хамилтон од Мерцедес. Следеа повеќе вести, вклучувајќи го новиот договор на Серхио Перез со Ред Бул, договорот на Нико Хулкенберг со Заубер и доаѓањето на Оливер Берман во Хаас следната година.
Саинц им се заблагодари и на возачите кои поради него чекаат да дознаат каде ќе возат следната година, бидејќи кога ќе се разјасни неговата иднина, тимовите многу брзо ќе ги пополнат своите празни места за следната кампања.