Саинц едвај се спаси од запаленото Ферари (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Карлос Саинц, шпанскиот возач на Формула 1, за среќа преживеа сериозен дефект на неговиот болид кој се запали за време на трката за Големата награда на Австрија, на која победи неговиот тимски колега Шарл Леклер.

Инцидентот се случи во 58-от круг, Ферарито излета од патеката и се запали, а Шпанецот едвај успеа да излезе од автомобилот кој остана во пламен.

Саинц имаше проблем да го запре запалениот автомобил, кој почна неконтролирано да се движи наназад.

Пожарот почна да се шири низ автомобилот од моторот, а загрижувачка е доцната реакција на противпожарната служба која овозможи целото возило да заврши во пламен, со што се загрози животот на возачот.

Трката ја освои Шарл Леклер од Ферари, кој го оствари првиот триумф во кариерата кога не ја стартувал тката од пол-позиција.

По него следуваа Макс Верстапен, Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Естебан Окон, Мик Шумахер, Ландо Норис, Кевин Магнусен, Даниел Рикиардо и Фернандо Алонсо.

Слични содржини