Сајбернасилството е реален проблем на денешницата, а жртва може да биде секој.
Онлајн-насилството, наречено сајбернасилство, се случува кога децата и тинејџерите, користејќи интернет, мобилни телефони или други технолошки уреди, објавуваат навредливи информации во вид на текст, слики или други видови содржини, со намера да повредат или да посрамотат друга личност.
Што не е сајбернасилство? Во сајбернасилството мора да има малолетници од двете страни или тоа да биде поттикнато од еден малолетник против друг малолетник. Штом ќе се вмешаат возрасните, станува збор за сајберзлоупотребување или за сајбердемнење.
Сајбернасилниците вршат злоупотреба на личните податоци, објавуваат слики, лични податоци или лажни коментари и блогираат на веб-страници каде што нивните коментари може да бидат видени од секого без ваша дозвола.
17 годишниот Петар од Скопје е еден од многуте примери кои биле жртва на сајбернасилство.
„Бев мирно и повлечено дете и постојано бев мета на насилниците „појаките“ момци од моето одделение. Знаеа да ме задеваат бидејќи не можев да им се спротиставам на провокациите.Знаеа на големиот одмор да дојдат до мене тројцата најхрабри и да ми ја фрлат ужиката смеејќи се. Еднаш толку почнаа да ме навредуваат што физички ме нападнаа, а едниот од нив ме снимаше за на крајот да ми каже, Ќе те гледаат сега сите на Фејсбук како плачеш…И така заканите започнаа..посотјано добивав пораки на мобилниот ако не ни донесеш пари ќе те пуштиме на интернет.. Почнав да се плашам за својата безбедност. Се затворив дома. Бев многу разочаран, уплашен….
Целата сторија прочитајте ја на Стандард.
https://standard.mk/makedonija/te-snimame-za-kratko-site-ke-te-gledaat-na-fejsbuk-sajbernasilstvoto-realen-problem-na-deneshnitsata/