Сајмон и Ким донираа милиони: Сите кои можат нека го направат истото

380 прегледи

Продуцентот Сајмон Кауел донираше 1,6 милиони фунти во добротворните установи зафатени со коронавирусот. Тој им порача и на останатите кои можат да го направат истото, пишува Mirror.

Фото: Инстаграм/KimKardashian

Парите ги дал во добротворната организација Shooting Star Children’s Hospices со која и претходно има соработувано.

– Бев скршен кога дознав дека една од погодените е оваа организација – рекол Сајмон.

Тој додал дека организацијата морала да затвори еден од двата хосписи и улични добротворни дуќани, со помош на кои собирале сретства. Исто така, Сајмон донирал и во здруженијата Feeding Britan И Feeding America.

И реалити ѕвездата Ким Кардашијан го следи истиот пример. Таа ќе донира милион долари. Ким ја става на продажба својата колекција облека и заработката од тоа ќе ја донира на семејствата кои се борат со вирусот.

– Во понеделник ќе ја обновиме колекцијата која неодамна ја лансиравме и со тоа ќе сме во можност да дадеме помош на оние кои се погодени од оваа пандемија – напиша Ким.

Слични содржини