Сајмон Кауел се верил со поранешната сопруга на својот најдобар пријател

од Vladimir Zorba
401 прегледи

Познатиот „строг и негативен“ член на многу жири на шоуа за таленти, Сајмон Кауел, се вери со својата долгогодишна девојка Лорен Силверман со која има многу интригантен почеток на љубовта, но велат дека им е убаво.

Кауел е познат како член на жирито на популарните ТВ емисии во Велика Британија и САД, како што се Pop Idol, American Idol, The X Factor и Britain’s Got Talent.

За веридбата со Силверман соопшти Page Six.

Извор близок до парот ги раскажа деталите од свршувачката. Кауел наводно ја запросил Лорен за време на неодамнешниот семеен одмор на Барбадос.

„Беше навистина слатко. Убаво им е заедно“, додал изворот.

Инаку, Лорен и Сајмон се запознале во 2004 година, кога таа сè уште беше во брак со бизнисменот Ендрју Силверман, добар пријател на Кауел.

Лорен и Ендру се разведоа во 2013 година. Истата година таа јавно ја објави врската со Кауел, кој подоцна призна дека имал афера додека Лорен била во брак.

„Аферата не е нешто на што се гордеам, ниту пак некогаш сум сакал да повредам некого. Тоа едноставно се случи“, изјави Сајмон пред неколку години.

Слични содржини