Карлос Сајнц верува дека работата што ја завршил по развојот на моторите на Рено за време на неговиот престој во францускиот тим од 2017 до крајот на 2018 година, сега ќе му се исплати во неговиот нов тим Мекларен.
Сајнц Џуниор вели дека многу од неговите идеи биле земени сериозно од страна на инженерите на Рено, кои потоа успеале да ги користат за подобрување на презентацијата на француските мотори со кои Шпанецот ќе се натпреварува во новиот болид на Мекларен.
Со преминувањето во британскиот тим од оваа година, синот на легендарниот рели возач е силно амбициозен да пренесе нешто што научил од својот престој во Рено и да помогне на Мекларен да се врати на славните времиња.
Во последните години, тимот заглави во длабока криза, а напуштањето на нивната голема ѕвезда Фернандо Алонсо на прв поглед нема да помогне.
– Мојата работа во Рено беше огромно искуство за мене. Одејќи таму јас пренесов се што научив во Торо Росо. Веќе знам дека овој модел на работа помага на мене и тимот. Сега го правам истото и во мојата работа со Мекларен по новиот болид. Тимот има ресурси, а сега моите напори во развојот на моторите Рено ќе ми се исплатат во новиот тим, изјави Шпанецот.