Напаѓачот на Реал Мадрид не сака да слушне за понуда од англиската престолнина, иако Тотенхем се распрашува за него.
Бразилскиот фудбалер би можел да ги напушти „Лос Бланкосите“ ова лето, а гласините за неговото заминување од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ се се погласни. Се чини дека тој нема ништо против промена на средината и поважна улога во тимот, но јасно ги постави своите стандарди.
Актуелниот освојувач на Лигата на Европа сакаше да ја искористи можноста и да доведе големо засилување пред да се врати во Лигата на шампионите по три години, меѓутоа, веднаш е јасно дека ништо нема да произлезе од тоа.
Шпанскиот инсајдер Санти Ауна ја информираше јавноста дека „петлите“ се распрашале за неговата цена, а потоа брзо се отрезниле. Поранешниот играч на Сантос сака да се испроба во „клуб поголем од Тотенхем“.
Во неодамнешното минато се споменуваше и дека следната станица во кариерата на брзоногиот напаѓач би можеле да бидат Арсенал и Ливерпул, кои со заминувањето на Дијаз во Баерн ослободија место на крилната позиција и ги обезбедија потребните пари за 24-годишниот фудбалер од Сао Паоло.
Родриго пристигна во „кралскиот клуб“ од својата татковина во 2019 година, во трансфер вреден 45.000.000 евра. Оттогаш, на 270 настапи, постигна 68 гола и запиша 51 асистенција. Освои две титули во Лигата на шампионите, како и три титули во шпанското првенство.