Сакаат ефтина струја! Швајцарците на референдум гласаа против предлогот за забрзано откажување од нуклеарна енергија

од desk3
121 прегледи

Швајцарците денеска на референдум отфрлија предлог за забрзано откажување на државата од користење нуклеарна енергија.

zx450y250_2872009

Мнозинство гласаа против тој план. Според проекции на телевизијата СРФ, против таа иницијатива биле 55 отсто избирачи додека за неа гласале 45 отсто.

Според швајцарскиот систем за успех на референдумот беше потребно мнозинство кантони да гласаат за него, но и гласови од избирачите.

Планот за откажување од нуклеарна енергија промовиран од Зелената партија предвидуваше до 2029 година да биде затворена и последната од петте швајцарски нуклеарки кои моментно обезбедува 40 отсто од електричната енергија./МИА