Сакал да ги запали џамиите и да убие што повеќе луѓе: Терористот од Крајстчрч се соочува со казна што никогаш не била изречена во Нов Зеланд

од Nikola Popovski
112 прегледи

Четиридневното рочиште за изрекувањето казна за Австралиецот Брентон Тарант, кој уби 51 лице во минатогодишниот напад на две џамии, започна денес во новозеландскиот град Крајстчрч.

Според обвинителството пред судот, Тарант планирал да нападне и трета џамија, а, исто така, планирал да ги запали џамиите за да „починат што е можно повеќе жртви“.

Тарант (29) се изјасни за виновен по 51 обвинение за убиство, 40 точки за обид за убиство и тероризам.

Би-Би-Си наведува дека се соочува со доживотен затвор без можност за условна казна и дека таквата пресуда никогаш не била изречена пред суд во Нов Зеланд.

За време на нападот, кој Тарант делумно го пренесуваше во живо преку Интернет, пукал во две џамии на 15 март минатата година.

Нападите го шокираа целиот свет, а Нов Зеланд наскоро ги смени законите за набавка на оружје.

Поради пандемијата на коронавирус, главната судница е претежно празна, а стотици луѓе ја следат расправата преку видео-врска во други судови со цел да се почитуваат мерките за социјална оддалеченост.

Слични содржини