Сакал да влезе во Македонија со 60.000 евра сокриени во чорапи

од Nikola Popovski
276 прегледи

Српските царински службеници на граничниот премин Прешево на српско-македонската граница за посебна проверка издвоиле БМВ со странски регистарски таблички.

Возилото било управувано од 55-годишен маж кој патувал сам и од Германија се упатил кон Грција. На цариниците им рекол дека нема што да пријави, но тие сепак решиле да му го пребараат возилото, известија од Царинската управа на Република Србија.

При прегледот на возилото, царинските службеници на задното седиште пронашле патна торба со лични предмети во која имало неколку пара чорапи полни со купчиња евра, а уште пари биле пронајдени во џебот од фармерките кои биле спакувани во торбата.

-Вкупно кај лицето цариниците пронашле 59.000 евра, од кои му вратиле 10.000 бидејќи таа сума е дозволена да се превезува преку граница, а што ќе биде со преостанатата сума ќе одлучува надлежен суд во прекршочна постапка, информираа од Српската царина.

Слични содржини