Вонредна состојба во Прешево поради пожар, видлив и во Куманово

од Nikola Popovski

Општина Прешево во соседна Србија денеска прогласи вонредна состојба на територијата на селата Рајинци, Црнотиште, Горња и Доња Шошаја поради пожарот што избувна во попладневните часови, јавува РТВ Врање.

Според очевидци, пожарот е видлив и во Куманово.

Како што се наведува, нема опасност по населението, но загрозени се животните кои живеат во овој крај.

Претходно, Координативното тело за Бујановац, Прешево и Медвеѓа Тањга соопшти дека во пожарот нема повредени.

Пожарот избувнал во непосредна близина на автопатот Е-75 помеѓу стариот пат Бујановац – Прешево, а горат 50 хектари борова шума.

Пожарникарите од Прешево на терен не можат да го изгаснат пожарот и се чека помош од хеликоптер.

Слични содржини