Сакал да влезе во Македонија со скриени 73.000 евра во рачен фрижидер

од Nikola Popovski
350 прегледи

Наместо храна, рачниот фрижидер во багажникот на автомобилот кој се движел од Србија кон С. Македонија бил наполнет со купчиња пари, па српските цариници на возачот на автомобил марка БМВ му одзеле поголем дел од парите кои не ги пријавил при напуштање на државата.

-Патникот, чија крајна дестинација била Грција, се обидел нелегално да пренесе 73.100 евра, соопшти тамошната Царинска управа.

Мал дел од непријавените евра биле пронајдени во преградата на чантата за лаптоп, која исто така била во багажникот на автомобилот, додава српската Царинската управа.

На лицето веднаш му биле вратени 10.000 евра, додека за преостанатиот износ ќе одлучува надлежниот суд во прекршочната постапка.

Слични содржини