Сакал насила да влезе во домот на поранешната сопруга, па нападнал полицаец

од Nikola Popovski
221 прегледи

Од МВР информираа дека скопјанец нападнал полициски службеник откако поранешната сопруга го пријавила дека насила сакал да влезе во нејзиниот дом.

„Вчера во околу 17:30 часот на ул.„Водњанска“ во Скопје, Н.Ј.(47) од Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна сопруга М.К. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.