Сакате овошје? Внимавајте, може да биде опасно за вас

од desk4
484 прегледи

Луѓето со години живеат со идејата и уверувањето дека овошјето е здраво за нив, но според последните студии, ситуацијата не е таква како што изгледа.

Овошјата содржат фруктоза, која споредена со глукозата изгледа како поздрава верзија. Но, се покажало дека во големи количини, не само што ја нарушува работата на црниот дроб, туку и го попречува метаболитичкиот процес на мастите.

Pixabay

Постојат и одредени докази кои покажале поврзаност меѓу исхраната со голема доза фруктоза и проблемите со инсулинската резистенција. Всушност, фруктозата го стимулира акумулирањето масти.

Поради тоа, внимавајте со консумирањето овошје и не се впуштајте во високофруктозни диети. Резултати ќе има, но само естетски, без некој особен бенефит врз здравјето.

Решението, секако, е избалансирана исхрана во која хранливите материи се застапени во препорачаните дози. Особено морате да избегнувате овошје за појадок, бидејќи појадокот мора да биде богат и со белковини и со масти, како и со јаглехидрати.

Општо кажано, диетите богати со фруктоза не се лоши поради калориите, туку поради ефектот кој го имаат врз целото тело и намалувањето на способноста на метаболизмот да согорува масти.

Слични содржини