Прочитана е играта и намерата за блокада на пратениците на ВМРО ДПМНЕ .

Претседателот на Собранието Талат Џафери , не отстапува да ги стави во ред седниците на парламентот. Покрај неговата новина , комуникација на албански и македонски мешано, тој почна да комуницира и со цртежи . Претходно им закачи мир во салата тишина, Тишина молам!“ а ноќеска стави и цртежи „Забрането спиење на пратеници“ и „Не е препорачливо да го разбудиш заспаниот лав“, како порака до пратениците да не заспијат на расправата која што започна во 01 часот по полноќ.
Собранието денеска во 13 часот ќе ја продолжи расправата за предлог- завршната сметка на Буџетот за 2016 година, откако седницата беше прекината ноќеска во 3.30 часот.
Продолжението на осмата седница почна во 01 часот, а после час и половина меѓусебни реплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Илија Димовски околу 02.53 часот на претседателот на Собранието Талат Џафери му рече дека иако има право според Деловникот седницата да трае непрекинато, тој има некоректен однос према 51 пратеник на опозицијата.
„Собранието се води со коректен однос, а не со инает. Ваква ситуација досега во Парламентот имала само еднаш. Мора да се почитуваат 51 пратеник што ги има ВМРО-ДПМНЕ“, рече Димовски.
Претседателот Џафери на Димовски му одговори дека повикува на коректен однос, а пратениците на опозицијата се однесуваат некоректно.
„Не знам која е коректноста на која се повикувате, кога сами на себе 30 души си реплицирате. Се обидувате да бидете коректни. Од една страна се повикувате на коректност, а од друга страна подметнувате“, рече Џафери.
„Ви давам пола саат пауза за да кординаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ се договорите како ќе продолжите понатака. Паузата е до 03.30 часот“, рече Џафери.
Како и пред прекинот на расправата во 22.40 часот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на продолжението на седницата после еден часот продолжија со репликите меѓу себе, всушност „глумење дебата“, се со цел блокада на работата на парламентот.
Продолжение на седницата е закажано за 13 часот, со што претседателот Џафери ја остварува најавата дека поради стартегијата на ВМРО ДПМНЕ со 10 пратенички групи да ја блокира работата на парламентот, ќе се работи и за викенди и дење и ноќе. Прочитана е играта и намерата за блокада на пратениците на ВМРО ДПМНЕ .