Салах е најдобриот арапски фудбалер за 2017 година

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Крилото на Ливерпул, Мохамед Салах беше избран категорично за најдобар арапски фудбалер за 2017 година според анкетата на авторитетниот спортски сајт Goal.com. 25-годишниот е рангиран на прво место во анкетите на 19 од вкупно 20 уредници на „Goal Arabia“ и собира 299 од 300 можни поени.

На второто место во анкетата останува Омар Ал Сома од Ал Ахли, а трет е друг сириски репрезентативец – Омар Хирбин од Ал Хилал.

Салах има одлична сезона со Ливерпул, со 19 гола во 24 натпревари во Премиер Лигата досега. Претходно тој настапуваше со екипата на Рома, каде што постигна 15 гола и 11 асистенции во последната кампања.

Салах исто така помогна на репрезентацијата на Египет да стигне до финале на Купот на африканските нации, како и да ја рангира земјата на Светското првенство во Русија, што се случува за прв пат по 28 години.

Други познати имиња кои спаѓаат во листата се оние на Ријад Марез кој ја зазема 4-тата позиција, Фавзи Гулам кој е 5-ти и Мохамед Елнени кој е 12-ти.

Слични содржини