Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, уште еднаш покажа дека има и одлични лични, покрај фудбалските квалитети.
Египќанецот донираше скоро 500.000 фунти во болница за детца во својата татковина. Ова е втор ваков гест на голгетерот на Ливерпул, кој неодамна презеде голем дел од трошоците за претстојната трансплантација на коскена срж на дете од неговиот роден град.
Клиниката во Каиро, која ја доби донација, лекува деца заболени од рак на коскената срж.
Откако пристигна на „Енфилд“ во текот на летото, Салах постигна 32 гола во 38 натпревари за Ливерпул и брзо стана омилен меѓу фановите.
Liverpool star Mo Salah has donated £500,000 to a cancer hospital in Egypt to help children suffering from bone marrow cancer.
Amazing gesture. ??? pic.twitter.com/3hltM9WrzN
— TEAMtalk (@TEAMtalk) March 7, 2018