142
Интересна комбинација за салата…
СОСТОЈКИ:
600 гр. компир
500 гр. моркови
4-5 лажици сирење
½ шолји млеко
8 лажици кисело млеко
4 лажици семки сончоглед
3 струка млад лук
сол и магдонос
ПОДГОТОВКА:
Се лупи и сече компирот, се лупи и сече и морковот и се варат со сол.
Се меша во сад ронетото сирење со млеко и кисело млеко и се става магдонос, па се ставаат сварените компири и моркови.
Се става горе исечен млад лук и семки сончоглед или се украсува по избор.
Уживајте!