Сали: Денес се одбележува Денот на здравјето, не е за протестирање

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Беким Сали информира дека како министерство се во постојат контакт со сите здруженија на матичните лекари.

-Овој протест е легитимен, но не е навремен. Ние работиме на нов модел на финансирање на примарната здравствена заштита. Сметам дека денот е за одбележување на Денот на здравјето, а не за протестирање. Јас ќе им се придружам, тоа е легитимно право. Тие ќе ми бидат гости и драго ќе ми биде да ги видам како група, изјави Сали по најавениот протест на лекарите.

Слични содржини