Сали не размислува за укинување на работните места економски директор во здравствените установи

од Nikola Popovski

Тоа што вие го нарекувате економски директор, при некоја реформа би било одговорен во секторот за финансии, што сметам дека финансиски нема да смени ништо во делот на вкупниот буџет на функционирање на секоја здравствена установа, вака одговори министерот за здравство, Беким Сали дали ќе ги укине овие работни места во време на економска криза.

Според министерот, пренамената на финансиите што се давале за економските директори не би сменила ништо.

-Во последните три години, се соочуваме со финансиски недобро планирани стратегии за јавни здравствени установи. Во последниве три години, вклучувајќи и период на пандемија се соочуваме со финансиски недобро планирани стратегии и буџети за Јавни здравствени установи кои што не се под влијание на поединци, менаџери или од Владата, туку се вонредни состојби, рече Сали.

Слични содржини