Сали: Состојбата не е толку позитивна за да можеме да ги тргнеме маските

од Берта Китинска
378 прегледи

Јас сум првиот што би сакал да можам да кажам дека од утре можеме без маски, би останал запаметен по оваа изјава, но на едната страна се желбите, а на другата страна бројките што ги добиваме секојдневно. Состојбата не е толку позитивна за да можеме да кажеме од денес сме слободни, на една страна се желбите, а на друга реалните бројки кои секојдневно ги добиваме, вели министерот за здравство, Беким Сали.

Тој вели дека се следи состојбата во регионот и дека четири држави кои што ни се репер како први држави кои што се ослободиле од мерките денес таму се забележува состојба на бумеранг, враќање на состојба како што беше порано.

-И ние тука не би сакале да се вратиме на тоа како што било порано, рече министерот за здравство Беким сали.

Индикаторот за новозаболени и за хоспитализирани е позитивен, вели министерот изразувајќи надеж дека оваа недела земјава ќе влезе во зелената безбедна зона.

-Треба да видиме што ќе одлучиме на Комисијата во среда, во однос на некакво олеснување на мерките, рече Сали.

Слични содржини