Сали за високиот број на починати од корона: Ние сме транспарентни, другите земји имаат различен пристап

од Nikola Popovski

Во однос на големиот број починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во споредба со другите земји, министерот за здравство Беким Сали денеска истакна дека тоа се должи на методологијата и различниот пристап што го имаат во другите земји.

-Можеби сме од државите кои имаат поголем број на починати, меѓутоа не значи дека сме здравствен систем кој што не ги згрижил тие лица. Во околните земји има други резултати кои што се многу помали, меѓутоа таму методологијата за регистрирање на починати уште од самиот почеток е различна. Не би требало да не збунува зошто кај нас има 8000, а во останатите земји по 2-3000 смртни случаи. Нашите институции уште од самиот почеток сакале да бидат транспарентни колку се со последици од Ковид-19. Тој сам по себе комплицира и може да биде причинител на смрт, информира Сали.

Слични содржини