По бурните реакции на јавноста насочени кон министерот за правда, Салији, чие службено возило денеска беше сликано од екипата на А1ОН како непрописно е паркирано пред Министерството за правда, на тротоар, пред вратата на инстититуцијата, Салији, посочува дека тоа веќе нема да се повтори.

„Нема да се повтори погрешно да паркираме. Возилото е веќе тргнато од тротоарот, а беше таму поради итноста на обврските што ги имав во текот на денот, поради кои неколкупати го напуштав министерството, вели за Телевизја 24 министерот за правда, Биљен Салији.