Салиу призна дека поседувал пиштол и придонел кон ескалација на настаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Од ВМРО-ДПМНЕ се огласија откако беа прозвани за апсењето на новинарот Фуркан Салиу. Како што велат од најголемата полициска акција, Оливер Спасовски од СДСМ во ситуација кога беше нападнат од навивачи, полициски началник изјави „нападот кон полицаец, е напад кон државата“.

-Оттука прашањето до СДС, зошто за СДС нападот врз полицаец, за кој се сомничи Фуркан Салиу, не е напад врз државата? Наместо да води лицемерна политика СДС одговорите нека ги побараат во признанието на самиот Фуркан Салиу кој призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување придонел кон ескалација на настаните. Зошто СДС е засегната партија во овој случај, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, СДСМ обвини дека партијата на Христијан Мицкоски „го врати ВМРО-МВРО и брутално го уапси новинарот Фуркан Салиу, во обид за замолчување и заплашување, откако објави афера директно поврзана со ДПМНЕ“.

Според партијата на власт, „нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија“.

Салиу вчера изјави дека не нападнал полицаец, ако надлежните имаат било каков доказ за такво нешто, ќе се извинам и ќе се тргнам од екраните, додаде тој.

-Целиот настан почна кога еден млад дечко, кој седеше до нас цело време настрана и не учествуваше во тепачката, почнаа да го тепаат, вели Салиу.

Откако новинарот излезе со сторија за Оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ каде се гледа како ВМРО-ДПМНЕ спроведувала оперативен план меѓудругото и за креирање на лажни вести, со документи излезе и владејачката СДСМ.

Според владеачката партија, на објавените документи се гледа дека дел од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ имал задача да креира лажни вести и да реализира анкети. Задолжен за тоа освен шефот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галевски, бил и Владимир Божиновски сопственик на Агенцијата ИПИС која од 31 јануари па до денес прави анкети за МТВ.

Слични содржини