Самит ЕУ-Западен Балкан на 6 октомври, домаќин ќе биде Јанез Јанша

од Nikola Popovski
297 прегледи

Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 6 октомври на Брдо кај Крањ во Словенија и ќе ги собере шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ и нивните колеги од регионот на Западен Балкан, беше објавено во Советот на ЕУ.

Домаќин на самитот ќе биде премиерот на Словенија Јанез Јанша, а ќе претседава претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој ќе ја претставува ЕУ заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Урсула фон дер Лејен ќе го посети регионот непосредно пред самитот, а ЕК наведува дека самитот ќе биде можност не само да се потврди европската перспектива на Западен Балкан и неговата понатамошна интеграција, туку и да се даде дополнителен поттик за спроведување на Европскиот инвестициски и економски план.во самото јадро на ангажманот на ЕУ со регионот.

Ноќта пред самитот ЕУ-Западен Балкан, лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе имаат неформална вечера во Словенија.

Слични содржини