Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 7.739 дози вакцини, од кои 748 се аплицирани како прва доза, 1.629 се ревакцинирани, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165 а трета доза примиле 15.851 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
„Во период од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти со ковид-19, од кои над 78 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во овој период 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина“, соопшти Министерството за здравство.
Еден пациент бил вакциниран со „Фајзер“, двајца со „Астразенека“, шест со „Синовак“, а 16 примиле вакцина од производителот „Синофарм“. Двајца од заболените кои починале биле вакцинирани со вакцината „Спутник V“.
Една доза вакцина примиле 57 проценти од полнолетната популација во земјава, додека со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Податоците покажуваат дека 38 проценти од целата популација е вакцинирана барем со една доза, а 35 отсто се целосно вакцинирани.