Само еден градоначалник и двајца почесни конзули ги понудиле своите службени возила за Министерскиот совет на ОБСЕ

од Radmila Tasevska

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека според проценките на неговите служби, можеби ќе се потрошат половина од средствата предвидени за изнајмување возила за претстојниот Министерскиот совет на ОБСЕ.

Како што информира Османи на денешниот брифинг со новинарите, досега само еден градоначалник и двајца почесни конзули ги понудиле своите службени возила.

-Според проценката од моите служби, можеби ќе се потрошат половина од предвидените средства, но тоа ќе биде флуидно и ќе зависи колку МВР ќе има потреба од возила зашто поголемиот дел од возилата се за МВР кое ќе ги користи како придружни возила. Колку МВР ќе каже, толку. Знаете дека имаше одлука на Влада да се побара од градоначалниците. Пуштивме барање тие да ги ослободат сите возила. Досега добивме повратно од само еден градоначалник дека го нуди своето возило, од Струга. Пуштивме писмо и до сите почесни конзули зашто имаше по медиуми понуда од нив, „зошто објавиле тендер кога можеле од нас да ги користат“. Кога веќе јавно се понудија, им пуштивме писмо, но знаете колку пуштија? Само двајца, рече Османи.

За Самитот, нагласи, 35 возила ќе обезбеди Владата од министрите, дел возила треба да бидат од градоначалниците, а дел и од други институции.

Слични содржини