Само еден нов ковид-случај во последните 24 часа

од Nikola Popovski
437 прегледи

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на Ковид-19 од Куманово.

Регистрирани се 204 оздравени пациент од: Скопје – 77, Куманово – 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица – по 1.

Направени се 1.375 тестови преку: ИЈЗ-193, ЦЈЗ Скопје-26, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–3, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-131, Авицена-114, Биотек-199, Систина-109, лабораторија Лаор-0, Синлаб-8, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-96, ВФВ Медикал-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 453.

Слични содржини