Продолжуваат апелите на надлежните институции граѓаните да се вакцинираат против КОВИД-19 со цел да се дојде до колективен имунитет и да се спречи ширење на мутации на коронавирусот.
Досега во земјава има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, Омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна.
За време на новогодишните празници надлежните сметаат дека дополнителни рестрикции не се потребни, бидејќи како што велат, ситуацијата е мирна.
Дополнителни рестрикции не се потребни, ситуацијата е прилично мирна, оценува министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека ковид центрите се празни и нема никаква оптовареност во болниците. Истакна дека ниту поради омикрон, ниту поради кој било друг сој не треба веднаш да се воведуваат дополнителни рестриктивни мерки.
– Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од оваа криза. Не може ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките,да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки, се до оној момент додека не ја влошува ситуацијата изјави Филипче, додавајќи дека засега нема нов регистриран случај во земјата со ковид.
Нема да се појави друг сој што ќе се шири со ваква брзина како омикрон
Микробиологот д-р Никола Пановски вели нема да се појави друг сој што ќе се шири со ваква брзина како омикрон.
-Многу повеќе луѓе ќе бидат во контакт со него и за 6 месеци омикрон ќе го сврти целиот свет. Не верувам дека повторно ќе има сој кој ќе биде со ваква голема брзина. Исто така сметам дека 99% од пациентите ќе го поминат полесно. Затоа велам дека брзото ширење на омикрон ќе доведе до крај на пандемијата во рок од шест месеци. Останува енигмата само колку ќе биде вирулентен, вели Пановски во гостувањето на емисијата „Што не е јасно“.
Д-р Злате Мехмедовиќ вели дека симптомите на новиот сој кој веќе се шири во светот се идентични како и кај настинките.
-Лесната преносливост на вирусот го овозможува неговото ширење.Според истражувањата напрaвени во Велика Британија велат дека настинката како и заразата со омикрон се 1 наспрема 1.Симптомите на настинката се течењ нос, омалаксаност, температура ..и се скоро идентични како кај сојот омикрон.Затоа постои шанса да сте заразени со омикрон и во оваа ситуација се препорачува лицето да се изолира и да направи тест, со цел да не ги заразете другите посебно оние кои спаѓаат во вискоризичните групи, вели Мехмедовиќ во Студио 10.
Досега во државава се направени вкупно 1.581.175 тестирања на КОВИД-19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 223 739, оздравени се 211 021, а 7 917 починале.