Само еден ден откако е објавено дека славниот Родригез ја запроси Џенифер Лопез, во американските таблоиди излезе веста дека тој има љубовница.

– Пријател тврди дека тој ја изневерува Џенифер Лопез која важи за најубава жена на светот со поранешната сопруга, а ако треба ќе оди и на детектор за лаги за да докаже, пишуваат таблоидите.
Џеј Ло и Родригез се немаат огласено по овие тврдења.