Посредникот Питер Ванхауте го доби предлог законот за медиуми од СДСМ. Партијата вчера го достави предлог-решението, за кое дел од новинарските здруженија иако го немаат видено на хартија се изјаснија дека не е прифатливо.
Од канцеларијата на посредникот велат дека работната група ќе се состане денеска. Од партиите не сакаа да коментираат детали за материјалите, но последните ставови на ВМРО ДПМНЕ е дека за нив е неприфатлив во старт и овој предлог и велат дека бараат кое било европско решение на маса , не ова на ВАнхауте, и ќе го прифатат.
На различни позиции се и новинарските здруженија. Тие и по средбата со премиерот Емил Димитриев опстанаа на истите ставови, ЗНМ и ССНМ на страната на меѓународната заедница и против сите партии, МАН и ММА поблиску до власта и против предлозите на СДСМ.
ЕУ-САД: Не избори, има нови 10 барања до Груевски и Заев и рок до 20 февруари
Во меѓувреме гаранторите на договорот амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав го сондираат мислењето и анализите колку и како тече спроведувањето на договорт од Пржино. За нив , межу другото ,клучно е какви е медиумската слика и ќе успее ли проверката на избирачкиот список за да ја дадат својата проценка дали ќе има услови за фер и демократски кредибилни избори, како што најавија во писмото до премиерот Димитриев..