Само три нови пациенти биле хоспитализирани во ковид-центрите во Скопје

од Nikola Popovski
274 прегледи

Според Министерството за здравство, денеска во ковид-центрите има вкупно 249 болни од кои во Скопје се 100, а 149 во другите градови низ државата.

„Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа поради компликации од коронавирусот се хоспитализирани 3 нови пациенти и тоа двајца во ГОБ 8 Септември и еден на Инфективната клиника. Дома биле пуштени 32 оздравени пациенти.

Во однос на болниците во другите градови, сѐ уште најмногу пациенти има во Куманово -30, а потоа во Охрид – 24. Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, во Штип има 17, на инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, а во Велес се лекуваат 12 болни. Во ковид-центарот во Прилеп има 9 пациенти, во Гостивар 1, во Струга 10 болни, во болницата во Струмица се хоспитализирани 13 пациенти, во Кочани 3, во Кичево 7, Кавадарци 3, а во Гевгелија нема хоспитализирани пациенти. Слободни места има уште за 538 лица“, соопштија од Министерството.

Слични содржини