Само „унгарската“ Алфа ТВ со раст на приходите

од Марта Пешевска
211 прегледи

 Телевизиите и радијата во земјава лани забележале пад на приходите во споредба со претходната година, покажува анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2018 година што ја направи Агенцијата за медиуми, објави „360 Степени“.

Според податоците, единствено телевизија Алфа има раст на приходите за 35,45 насто споредено со 2017 година. Останатите четири телевизии со национална концесија имаат пад на приходите: Алсат-М за 1,07 %, Сител за 4,29 %, Телма за 4,35 % и Канал 5 за 8,51 %.

ТВ Алфа во 2018 година остварила и најголема добивка од 29,86 милиони денари. Другите телевизии се далеку под оваа сума: Алсат-М 5,36 милиони денари, Канал5 0,28 милиони денари, Сител 18,68 милиони денари, а Телма работела со загуба и остварила негативен финансиски резултат од 21,48 милиони денари.