Само за колекционери – се произведе последниот класичен Смарт (ФОТО)

од desk2
133 прегледи

Смарт ќе стане целосно електрично возило , се разбира доколку производителот Дајмлер не се реши да го укине по поразителната продажба во 2018.


Во најлошата година за Смарт , минатата, овој симпатичен автомобил се продаде во само 1 200 примероци. Затоа Дајмлер целосно го повлече од САД и Канада , додека во другиот дел од светот планира да продава исклучиво верзија на електричен погон.

Но , и тоа е под услов доколку кинеските инвеститори го испочитуваат договорот. Сепак , само за колекционерите се произведени автомобили Смарт на бензин.

Оваа последна серија е наречена Final Collector’s Edition и се произведени само 21 примерок, по еден за секоја година од постоењето на овој модел./Kanal 5

Слични содржини