Самостојна изложба на Бурхан Ахмети во Чифте амам

од desk2
82 прегледи

Самостојна изложба на македонскиот уметник Бурхан Ахмети денеска ќе биде отворена во Чифте амам во Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 17-ти декември.

Делата на Бурхан Ахмети се карактеризираат со изворна афирмација на сложените графички техники, како сува игла, акватинта, линорез, литографија, дрворез, бакрорез, монотипии, па сè до дигиталната графичка дисциплина, како и со нагласена интелектуалност во пристапот кон визуелната уметност, оценува кустосот Татјана Бундалевска, од Националната галерија на Македонија.

Ахмети е роден на 18 август 1978 година во гостиварското село Дебреше. Член на ДЛУМ, добитник неколку награди, учесник на околу стотина ликовни колонии, има реализирано многубројни самостојни и групни изложби.